Косово целосно ја повлече одлуката за зголемените царини


Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји.

– Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на  петочната средба во Приштина, истакна Бектеши.

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто.