Клубовите во Серија А ова лето потрошија 1,14 милијарди евра за трансфери
Клубовите од Серија А „фрлија“ 1,14 милијарди евра за нови играчи, откако само англиските тимови потрошија повеќе. Сезоната во Италија е отворена попладнево со мечот Киево – Јувентус, а вечерва ќе играат уште Лацио и Наполи.
Пресметката на крајот на пазарот покажа дека локалните клубови го надминале своето достигнување од минатото лето кога потрошија 907 милиони евра. Секој клуб потроши 25 отсто повеќе во просек оваа сезона, но лидер е Премиерлигата на Англија во која клубовите дадоа 1,42 милијарди евра за нови играчи.
Серија А започнува да ги враќа позициите на трансфер пазарот, откако во 2014 година клубовите потрошија само 335 милиони евра, во 2015 – 608 милиони, а во 2016 година – 707,35 милиони евра.
Јувентус даде околу 250 милиони евра од кои 100 милиони отпаднаа на Кристијано Роналдо, уште 40 милиони тимот од Торино платија за Жоао Кансело и Даглас Коста и 35 милиони за Леонардо Бонучи.
Токму петкратниот освојувач на „Златната топка“ е единствениот играч со трансфер над 100 милиони, откако Кепа премина од Атлетик Билбао во Челзи за 80 милиони, а Алисон ја напушти Рома во насока Ливерпул за 62,5 милиони евра плус бонуси.
Рома е вториот тим кој потроши најмногу пари во Серија „А“ – 136 милиони евра за 13 нови играчи. Голем дел од трошоците беа покриени со продажбата на Алисон и Раџа Наинголан.