Кинези влегуваат во „Горење“
„Горење“ ја одбра кинеската групација „Хајсенс Електрик“ за стратешки партнер, чија понуда од 12 евра по акција е оцената за најприфатлива меѓу другите два кинески инвеститори. Азијците ставија услов понудата да важи само доколку им бидат обезбедени 50 проценти плус една акција, односно доколку станат мнозински сопственик. Словенечките аналитичари оценуваат дека е очигледен интересот на Кинезите за влез на пазарот на Европската унија, но оти не е сигурно дека ќе им биде исполнет условот за 50 отсто + една акција поради големото влијание и важност на „Горење“ за националната економија.