Импичмент за Трамп


Петар Арсовски

Како што блокадата на владата на САД веќе ќе наврши еден месец, политичкиот пејзаж драматично се смени под нозете на Белата куќа, со последните информации од поранешниот адвокат и „фиксер“ на Трамп, Мајкл Коен, кои ги објави порталот „Баз фид“, а според кои претседателот на САД, освен што му наредувал да плаќа за молчење на девојки кои ги користел во кампањата, туку му наредил на Коен да го лаже Конгресот за статусот и информациите околу поврзаноста на Трамп со Русија. Конкретно околу проектот „Трамп кула“ во Москва.

Овие наводи, иако во моментов постои дилема околу нивната веродостојност, најверојатно ќе бидат последниот аргумент со кој зборот на „и“ (импичмент) ќе почнеме да го слушаме во наредниот период од секој американски медиум. Ако се вистинити, импичментот е сигурен. Но дури и ако не се докаже нивната вистинитост, циклонот обвинувања и контроверзии со кои е опкружен Трамп во моментов, речиси сигурно ќе направат импичментот од чисто теоретска, да стане мејнстрим, реална, закана за претседателот на САД.

Причините се јасни: (1) Специјалниот истражител Роберт Милер има доволно докази да ги потврди овие наводи во својот извештај, и тука демантите со кои Трамп сега се служи, се бадијала. На страна фактот што во моментов има 17 истраги за криминал против луѓе во најтесниот круг на Трамп; (2) Ова е реален и драматичен политички пресврт во политиката во Вашингтон, зашто кривична истрага против претседател е повеќе политичко одошто правно прашање, а тоа најмногу ќе влијае на односот на Конгресот кон Трамп, особено на републиканците во Конгресот, кои можат да се приклучат на мнозинството демократи и да почнат сериозни истраги; (3) Самиот случај може да излезе голем, поголем дури и од отпуштањето на Коми од ФБИ – ова најмногу зашто во извештајот на Милер, кој стана историски, најверојатно ваквите инциденти ќе бидат споени во поголема приказна за криминал, прекршување на изборните правила, попречување на правдата и неприродни и недозволени врски со Русија; (4) Истрагата речиси сигурно ќе се прошири на семејството на Трамп, имајќи предвид дека Иванка и Трамп јуниор се веќе споменати во најголем дел од кривичните истраги, особено врзани за „Трамп кулата“ во Москва; (5) Дури и неговиот сопствен кандидат за јавен обвинител вели дека лажењето на Конгресот е дело кое не смее да се толерира, така што овие прашања и наводи нема да исчезнат.

Е сега, иако импичмент ќе стане многу модерен термин во наредниот период, мислам дека демократите во Конгресот (од каде што мора да почне иницијативата), сепак прво ќе го почекаат извештајот на Милер. Тоа е затоа што сакаат потврда на факти од трет извор за да не бидат обвинети за политиканство, а бидејќи импичментот е повеќе политички одошто правен процес, извештајот ќе има големо влијание на републиканците од Конгресот кои се неопходни за импичмент, а на сегашните тврдења на демократите не веруваат. Затоа, мислам дека очекувано сценарио е ваквата стратегија против Трамп да стане реалност дури после јавното објавување на извештајот.

Потоа, дебата ќе се префрли на тоа дали е политички полесно и „поевтино“: да се направи импичмент или да се остави Трамп да ја плати цената за овие активности на редовните избори во 2020. Ова зашто импичментот како процес создава национална траума и ќе ги фрли републиканците и демократите во две години негативна, валкана и исцрпувачка кампања, од која тешко ќе се оправат. Ова најмногу ќе зависи од извештајот, кој може да ги забрза или забави овие стратегии зависно од наодите и доказите што ќе се најдат таму. Прашањето тука е дали ќе дојде момент во кој политичката цена за импичмент ќе стане помала одошто политичката цена за да се дочека крајот на мандатот – тоа ќе биде моментот на пресврт во кој дури и највнимателните демократи можат да одлучат сè да оди „по ѓаволите“.

Но како и да се одвиваат овие финеси, неколку работи се јасни. Истрагите ќе продолжат и ќе се зголемуваат. Медиумите ќе реагираат на овие најави со сè погласни повици за импичмент. Вниманието кое веќе се посветува на овој процес е огромно – Си-ен-ен и Ем-ес-ен-би-си само во еден ден после овие наводи го спомнале зборот импичмент во контекст со Трамп околу 200 пати. (82 и 97, значи точно 179 пати). Значи темата не само што нема да замине, туку напротив, ќе се засилува, како што дебата се зајакнува и се префрла од кулоарите на главна сцена.

И како што личи извештајот на Милер ќе биде најверојатно последната шајка во ковчегот на Трамп. Ако се погледне точно извештајот, односно серијата изјави околу тоа до каде е истрагата (како што вели Wired), просто човек да посака Трамп да го прогласат за руски агент, зашто алтернативата е полоша: Милер вели дека истрагата е стигната дотаму, што единствено две сценарија се можни – или претседателот бил компромитиран од руската влада и тајно соработувал со Путин за да врати услуга за помошта која Русија му ја дала во победата во 2016. Или Трамп ќе го запаметиме како „корисен идиот“ – термин кој руските тајни служби го користат да опишат некого кој е кооптиран без да знае. Или, најсмешно, извештајот ќе заклучи дека одговорот е „две