Имагинација и нова локација: Пролетниот моден викенд во Универзитетска библиотека


Моден викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „Што ја храни вашата имагинација“ (Њхат феедс ѕоур имагинатион?).

Во нов и необичен амбиент -Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изминатиот викенд пред фото објективите застана новото заштитно лице на „Моден викенд“  Мануела Гочевска д модната агенција „Подиум“.

-Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да гивидите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на 17.Моден викенд Скопје. Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите.Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку моднитекреации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и визуелната култура кај сите модни вљубеници , велат организаторите.

Фотографиите и видеото од снимањето ги потпишува Марина Трајковска, а графичкиот дизајн на имиџ-насловната е на Дејан Зафировски.