Изложба „Москва денес“ во Музејот на Град Скопје


Изложбата која го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина „Москва денес“ на 30 јануари ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје.

„Москва денес“ се базира на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва. Пред посетителите ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија. Организатори се Град Скопје и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.