ЗОИ 2018: Канада со првиот златен медал во карлинг за мешани тимови


Канада го освои првиот златен медал во карлинг за мешани тимови во историјата на Олимписките игри откако Кејтлин Лоус и Џон Морис ги победија со 10:3 актуелните светски шампиони Џени Перет и Мартин Риос од Швајцарија.

Претходно денеска ОАР (олимписките спортисти на Русија) ја победија со 8:4 Норвешка. Со тоа Лоус и Морис ги заслужија вторите олимписки титули, откако освоија такви во двете основни дисциплини во 2014-та и 2010-та.

Лоус и Морис доминираа целосно во финалето и ги освоија златните медали, иако немаа играно заедно пред канадските квалификации за Олимписките игри.

Пласман на турнирот во карлинг за мешани тимови:
1. Канада
2. Швајцарија
3. ОАР.