Златко Јовановски: Пет години шик и шок мода


Со роденденска забава синоќа во ателјето во Тетово, дизајнерот Златко Јовановски (23)  прослави пет  години од постоењето на  “JZJ by Zlatko Jovanovski” –Couturier. Гостите имаа прилика да ја видат изложена неговата најнова колекција.

– За оваа колекција намерно не направив модна ревија, бидејќи сакав клиентите и посетителите да имаат прилика од блиску да ги видат фустаните и везените детали како и да се консултираат директно со мене за сѐ што ги интересира. Планираме многу скоро истата колекција да доживее и фотосесија. Многу сум среќен што токму овде почна оваа приказна, и сега повторно токму тука го славиме 5 роденден, нормално -сега со поголеми квадрати, и нов сјај и раскош на ентериерот. За уживањето и забавата да биде комплетна, Марија Груевска не забавуваше со хитови. Им благодарам на сите кој што дојдоа и оваа вечер ја направија специјална, ни изјави Јовановски.

Златко со своето модно студио во центарот на Скопје веќе е на мапата на славната и богата клиентела од Македонија и од регионот , со своите деликатни, сексапилни и драматични венчаници и вечерни тоалети.

И личниот стил на Зоран е екцентричен, различен и несекојдневен. Со својата појава, модниот избор и и изборот на чевли, предизвикува внимание каде и да се појави.

Претходно Златко го сврте вниманието на јавноста со уникатната, рачно везена венчаница за поп-пејачката Симона Попоска, а и српската старлета Сораја ги сака неговите сексапилни креации. (Л.С.)