Златко го освојува Холивуд: Манекенка во модниот филм за Тајга во креација на ЈЗЈ
Поп-ѕвездата Тајга, поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер, позираше за насловната страница за магазинот „Бејзик“ во Лос Анџелес. По тој повод, снимил и краткометражен моден филм. Во филмот статираат и манекенки, а една од нив носи фустан од „JZJ by Zlatko Jovanovski“, по изборот на стилистите.
– Од неодамна дел од колекцијата што беше претставена на Модната недела во Харбин, Кина, е во шоурумот за сценска мода во Лос Анџелес, па така впрочем и овој фустан се најде токму на тоа снимање. Во шоурумот има многу дизајнери кои изложуваат таму, но стилистите на Тајга го одбрале токму мојот фустан за потребите на снимањето. Честа е огромна, пресреќен сум ни изјави Јовановски.
Овој месец, со роденденска забава во ателјето во Тетово, дизајнерот Јовановски (23) прослави пет години од постоењето на „JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier“. Гостите имаа можност да ја видат изложена неговата најнова колекција.
– За оваа колекција намерно не направив модна ревија бидејќи сакав клиентите и посетителите да имаат шанса одблиску да ги видат фустаните и везените детали, како и да се консултираат директно со мене за сè што ги интересира. Многу сум среќен што токму овде почна оваа приказна, и сега повторно токму тука го славиме 5. роденден, нормално сега во повеќе квадрати и нов сјај и раскош на ентериерот – ни изјави Јовановски.
Златко со своето модно студио во центарот на Скопје веќе е на мапата на славната и богата клиентела од Македонија и од регионот, со своите деликатни, сексапилни и драматични венчаници и вечерни тоалети.
И личниот стил на Зоран е ексцентричен, различен и несекојдневен. Со својата појава, модниот избор и изборот на чевли предизвикува внимание каде и да се појави.
Лејла Сабит