Зголемени се износите за дежурства на докторите и на сестрите
Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови, покачени коефициенти.
Ова го соопштија Министерството за здравство по средбата на министерот Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.
На оние кои веќе ја примиле мартовската плата дополнително ќе им се исплати разликата.
Од Министерството за здравство наведуваат дека веќе е одвоена дополнителна сума од Буџетот на ФЗОМ, а по потпишување на договорот ќе се изврши исплатата.