За 20 милиони долари: Се продава куќата на Керингтон од „Династија“


САД– Луксузната куќа на семејството Керингтон од американската хит-сапуница од 80-тите (се емитуваше од 1981-1989 година) „Династија“ се продава за 20 милиони долари. Куќата „Арден вила“ е лоцирана во Пасадена, Калифорнија иако дејството во ТВ серијата се одвива во Денвер, Тексас.

Изградена во 1913 година, куќата има 10 спални, 11 купатила, винарница и соба за игри, базен и тениски терен. Куќата во 2013 била продадена за 20 милиони долари, а во 2017 за 28 милиони долари.

ТВ серијата е ненадмината по успешното сценарио, атрактивниот кастинг, луксузот и модата, а актерите во главните улоги Линда Еванс (Кристл), Џоан Колинс (Алексис) и Џон Форсајт (Блејк Керингтон)  ги вивна во орбитата на славата и богатството. Серијата во 1983 година доби „Златен глобус“ за најдобра драмска серија. Од неа подоцна произлезе уште една нова хит-серија „Семејството Колби“.