За роденденот на 25 јануари: Елена Ристеска ќе пее за Тоше
На 25 јануари во спомен куќата „Тодор Проески“ ќе се одбележи уште еден роденден на големата музичка ѕвезда Тоше Проески со настап на македонската пејачка и пријателка на Тоше Елена Ристеска.
Настанот ќе започне во 11,30 часот во спомен куќата „Тодор Проески“, а освен настапот на Елена Ристеска локалната самоуправа заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ ќе прикажат и друг тип на содржини во чест на Тоше.
Во 12 часот започнува манифестацијата во спомен куќата „Тодор Проески“.
Еден ден подоцна, во Центарот за култура во Битола, Камерниот оркестар ќе одржи концерт посветен на најголемите македонски евергрини и незаборавни песни од Тоше, кои на настанот соодветно насловен „Засекогаш во срцата“ ќе ги изведуваат: Елена Ристеска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Антонија Гиговска, Бојан Стојков, Елена Петреска, Тамара Стојковска и Ана Гаштарова.
Влезниците се пуштени во продажба.
Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, на 16 октомври 2007 година, на 26-годишна возраст.