Заев утре во собранието ќе ги достава предлозите за нови министри
Премиерот Зоран Заев најави дека утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата.
– Реконструкцијата ќе ја предложам утре, затоа што поради денешната пресуда не знаев дали ќе има цела Влада. Подготвен сум. Имињата се утврдени и биографиите на новите министри и заменици министри утре наутро ќе бидат процесуирани до Собранието, со надеж дека до крајот на месецот ќе бидат ставени на дневен ред на пленарна седница за да се докомплетира Владата, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање денеска пред Кривичниот суд.