Заев во Софија на средба со Јункер и лидерите од Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев денеска во Софија ќе учествува на работниот состанок на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

На состанокот ќе учествуват и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи, членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан.