Жена тепала вработен на обезбедувањето во дискотека
Вработен како обезбедување во дискотека на булеварот„8 Септември пријавил дека пред дискотеката физички бил нападнат од непознато женско лице.
Полицијата соопшти дека обезбедувачот не ѝ дозволил на жената да влезе бидејќи имала забрана за влез во дискотеката, со оглед на тоа што порано правела проблеми и ги вознемирувала гостите.
Откако не ѝ допуштил да влезе во објектот, жената физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.