ЕК: Големата сива економија е клучна економска слабост


Во Извештајот за Македонија 2018, Европската комисија во делот на економските критериуми констатира дека земјата постигна одреден напредок и е на добро ниво на подготвеност за развој на функционална пазарна економија. „И покрај политичкиот застој во првата половина од годината, дојде до значајно подобрување, посебно во управувањето со јавните финансии и транспарентноста. Остануваат клучните слабости во економијата. Тоа се недостатоците во бизнис климата, како што се слабо спроведување на договори и голема неформална економија. Структурните проблеми на пазарот на труд се одразија врз ниската активност и високата стапка на невработеност. Макроекономското опкружување се влоши во првата половина од 2017, бидејќи долготрајната политичка криза се одрази врз инвестициите. Фискалната политика е насочена кон краткорочни мерки и недостасува траен план за консолидација.

Економијата направи одреден напредок и умерено е подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Натамошен напредок беше направен во диверзификација на извозот и производство со поголема додадена вредност во производствениот сектор. Економијата сѐ уште страда од слабости во наставните планови, ниска стапка на иновации и важни инвестициски празнини, посебно во јавната инфраструктура“, стои во Извештајот.