Доделувањето на Оскарите со рекордна ниска гледаност во САД


САД– Свеченоста за доделување на наградата „Оскар“ годинава привлекла рекордно низок број ТВ гледачи во САД – 26,5 милиони, односно првпат под 30 милиони.

Вообичаено, вечерта на „Оскарите“ е најгледаното ТВ шоу по Супербоул натпреварот, но тоа не беше случај и годинава. Имено, „Оскарите“ викендов го гледале помалку луѓе и од Зимската олимпијада минатиот месец, којашто ја следеле 27,8 милиони Американци.

Телевизиската публика, воопшто, се намалува, а рејтингот на „Оскарите“ е поврзана и со успехот на номинираните филмови – „Обликот на водата”, којшто доби „Оскар“ за најдобар филм, но по се, изгледа не е којзнае колку популарен, коментираат набљудувачите на филмската индустрија.

Рејтинг агенцијата „Нилсен“ соопштува дека годинешната телевизиска публика на „Оскарите“ е за 20 отсто помала од 2017, кога водител беше Џими Кимел, исто како и оваа година. Нилсен го мери рејтингот на ТВ шоуата од 1974 година.