Диригентот Џејмс Левин доби отказ заради сексуално вознемирување


САД– Диригентот на Метрополитен опера во Њујорк, Џејмс Левин, еден од најпознатите фигури во класичната музика, доби отказ откако истрагата пронашла докази за сексуално вознемирување и злоставување.

– Истрагата покажа кредибилни докази дека господин Левин се впуштал во сексуално вознемирувачко однесување претходно и откако дошол во Метрополитен операта. Истрагата покажа и дека тој сексуално непристојно се однесувал кон ранливите уметнички во текот на неговата кариера. Поради тоа компанијата заклучи дека ќе биде несоодветно и невозможно да ја продолжи соработката со господин Левин, се посочува во соопштението на Метрополитен опера.

Левин за сега не е кривично обвинет.