Дипломати ќе го решаваат проблемот со зелката


Извозот на македонска зелка кон Русија се намали, што доведе до пад на откупната цена и незадоволство кај земјоделците.

Земјоделците побараа од министерот за земјоделство Љупчо Николовски да ги активира сите расположиви механизми за да не им скапе родот.

„Вчера се информирани сите дипломатски и конзуларни претставништва на државата, преку Министерството за надворешни работи како и преку Македонско-руската стопанска комора и преку меѓувладината Македонско-руска комисија, на која сум претседател. Овие денови сме посветени да ги развиеме контактите.

Со Украина и Полска секојдневно работат тимови. Очекувам дека ќе има соодветен резултат“, изјави министерот Николовски.

Трговците на големо ја откупуваат зелката за 8 до 10 денари за килограм. Годинава е преполовен пласманот на зелка.