Ден пред 20-тиот роденден почина поранешна Мис универзум


Манекенката и некогашна Мис универзум, Лоте ван дер Зи, почина само еден ден пред дваесеттиот роденден.
Холанскиот модел Лоте, почина од фатален срцев удар, кој го имала на само еден ден пред 20. роденден, пренесе Daily Mail.
Нејзе одненадеж ѝ се слошило за време на зимувањето во Вестендорф, во Австрија, каде планирала заедно со семејството да го прослави роденденот.
Кралицата на убавината од Еншеде, источна Холандија, која го освои првото место на најголемото натпреварување во убавина во 2017 година, почина во средата откако две недели била во кома.
Со трогателен пост на Инстаграм, нејзините родители се простија од Лоте. Тие ја споделија и последната фотографија каде таа позира во црвен костим за скијање во снегот.
„Нашиот бисер, нашето сѐ, се угаси во среда вечер. Просто е неверојатно што Лоте не е повеќе со нас. Нашите срца се скршени“, напишаа родителите.