Дачиќ: Немаме намера да ги менуваме границите со сила


Никој нема намера да ги менува границите со сила, тоа ќе биде со договор или нема да се случи, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, нагласувајќи дека и меѓународниот принцип предвидува не менување на границите со сила.

Шефот на српската дипломатија истакна дека сите земји, освен Велика Британија и Германија, поддржуваат посотгнување компромисно решение меѓу Белград и Приштина и не се мешаат во тоа какво ќе биде решението.

– Германија и Велика Британија се спротивставуваат на промената на границите и Србија принципелно се согласува со тоа”, изјави Дачиќ, запрашувајќи при тоа „од кога се применува овој принцип, дали од распадот на Југославија или од еднострано прогласената независност на Косово“.

Во врска со изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи, дека прво Србија ќе го признае Косово, а потоа ќе разговара за разграничувањето, Дачиќ истакна дека „тоа сигурно нема да се случи“.

– Србија нема да го признае Косово, а потоа да продолжи со разговорите, тоа сигурно нема да се случи, изјави шефот на српската дипломатијата.

Дачиќ потсети дека и самиот Тачи рекол дека „нема решение без Србија и дека Србија нема да ја признае независноста на Косово“.