Данска и Австралија ремизираа во Самара


Данска и Австралија одиграа со 1-1 во својот натпревар во вториот круг од групната фаза на Светското првенство во 2018.

Дуелот во Самара понуди убав фудбал, во кој првото полувреме беше изедначено, а второто помина под диктатот на „кенгурите“ на Берт ван Марвијк.

Кристијан Ериксен го отвори резултатот со многу убав гол во осмата минута, додека Миле Једињак израмни од пенал во 37-та минута.

Ударот од 11-метри беше досуден од судијата Матеу Лаос откако го повика на помош ВАР системот.

Данска веќе има 4 поени, додека Австралија има само еден. Во групата „Ц“ исто така се екипите на Франција – 3 поени и Перу – 0 поени, а двете екипи играат подоцна денес.