Дани го посвети новиот албум на Скопје
Поп-ѕвездата Дани Димитровска по подолга музичка пауза во Скопје го промовираше својот најнов албум, насловен “Град за љубов“, на кој работеше две и пол години со проверениот тим, на чело со Весна Малинова. На албумот се најдоа осум композиции, од кои веќе неколку познати на публиката и неколку нови.
– Град за љубов инспирира на враќање на другарскиот дух во градот. За суштински вредности зборуваме, оние подзаборавените, вели Дани.
На промоцијата на која присуствуваа голем број на пријатели, соработници, колеги, спортски работници и други, пејачката и го промовираше и најновото видео за „Лево-десно“, која се наоѓа на овој нов албум.
Дани кариерата ја започна на поп-фестивалот „Макфест“. „Најдобра до сега“, „Не живеам за другите“, „Црно на бело“, „Слободна песна“ се дел од песните кои ја раскажуваат нејзината бунтовност од една страна и емотивната природа од друга. Мајка е на 17 годишниот Лазар, и среќно вљубена.