Град Скопје три години по техничкиот прием нема да дозволува прекопи на улиците


Град Скопје испрати допис до сите државни институции, претпријатија и поголеми компании во кој се наведени сите сообраќајници и објекти на кои се предвидени градежни активности во 2019 година, во кој ги потсетува дека по завршувањето на градежните работи на објектите нема да бидат дозволени попречни и надолжни прекопи на сообраќајницата во наредните три години, сметано од денот на технички прием на објектот.

-Поради овие причини, доколку постои потреба од поставување на некакви инсталации или друг вид на градежни интервенции на посочените сообраќајници, потребно е да се поднесе барање до Град Скопје со цел координирање на понатамошните активности, велат од Град Скопје.

Како што најави градоначалникот Шилегов, додаваат, Градот Скопје ќе донесе нов правилник за издавање дозволи за вршење прекопи на улиците, и во иднина ќе има заострени критериумите за добивање дозвола за вршење прекоп на улиците, повисоки критериуми за начинот на кој ќе се вршат овие прекопувања, како и скратени рокови за завршување на градежните активности.