Во Скопје со „пајак“ подигнати 106 возила
Во Скопје изминатото деноноќие полицијата санкционирала 58 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол и 15 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило.
Според билтенот на СВР Скопје, се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои во една полесно е повредено едно лице, а во три е причинета материјална штета.
Од сообраќај биле исклучени шест технички неисправни и 13 нерегистрирани возила. Сообраќајната полиција издала 151 мерка за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 106 возила.
Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, еден возач кои поминал крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум за неправилно престројување и тројца за неправилно престигнување.
Казнети биле и еден возач за неносење зимска опрема, 24 за неносење сигурносен појас и 27 за користење мобилен телефон.