Во Илинден изложба на слики од ликовната колонија во Ораовица


Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија во манастирскиот комплекс „Свети Георгиј” во радовишкото село Ораовица, е отворена во Домот на културата во општина Илинден.

На изложбата се претставени над 40 слики од 18 автори од земјата и од странство, создадени за време на ликовната колонија.

Посетителите на изложбата имааат можност да видат повеќе дела од домашните автори Крсте Тарабунов, Душко Коцев, Томе Даневски, Зоран Коцев, Блажо Јованов, Славе Јованов, Новица Трајковски, Андријана Мациев, Тони Чатлевски, Цветанка Јовановска, Мирјана Крстева, Ѓоко Антониев, Роберт Цветковски и Петра Јовановска, како и од гостите Орхан Чебраулоглу од Турција, Тодор Јовановски од Србија, Петар Бељашки од Бугарија и Елена Березина од Русија.

Изложбата ќе биде отворена до 30 ноември.