Саем за невладини: Заедно до подобро општество


Волонтерската работа била и засекогаш ќе остане најдобриот начин за постигнување на активно граѓанство преку различни форми на вклучување на луѓето во изградбата на општеството. Во минатото волонтерството најмногу било нагласено во акциите за спасување, градење, и расчистување на просторот после временските непогоди. Денес волонтерството, како алутуристичка работа е препознаена како работа преку која не само што допринесовате за подобро ошптество туку и преку волонтирањето учите и ги надоградувате своите способности.

Во знак на одбележувањето на 5. декември – Меѓународниот ден на волонтерството, Волонтерскиот центар Скопје организира НВО саем на град Скопје со наслов „ Заедно до подобро општество“, кој ќе се оддржи по 4 пат. НВО саемот ќе се одржи утре (среда) во НУБ „Св. Климент Охридски“, со почеток во 11 часот.

„На саемот е предвидено своја презентација, во форма на штанд, да имаат здруженија/фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но исто така и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, а дел од своите активности ги спроведуваат/спровеле во корист на граѓаните на Град Скопје. Ова е одлична можност да се запознаете со работата на невладините организации, да ги спознаете вашите афинитети и истите да ги ставивите во корист на општеството“, вели Вафире Мухареми од ВЦС.