ВМРО-ДПМНЕ: Има низа пропусти во предлог-законот за високо образование


 

Предлог – законот за високо образование е недоследен, со низа пропусти кои не значат унапредување на образованието, бидејќи суштински оставаат недоречености и назадувања во одредени области, сметаат во ЦМРО-ДПМНЕ.

Партијата поднесе 17 амандмани на овој предлог.

– Амандманите се во насока на зголемување на буџетот кој е предвиден за финансирање на универзитетите и самостојните високи стручни школи кој е клучен за развојот и унапредување на научната и образовната дејност. Дополнително се предвидува амандманска интервенција во делот на финансирањето во предложениот закон кое не е до крај дефинирано, ниту во однос на Универзитетот, ниту во однос на коефициентот на платите на наставниот и соработничкиот кадар. Се предвидува покачување на примањата на оваа група универзитетски вработени, што е суштински придонес во нивната натамошна посветеност, мотивираност и работа и приближување нормално на нивниот стандард со стандардот на нивните колеги не само во регионот, туку и во Европа – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Во партијата очекуваат дека владејачкото мнозинство ќе ги прифати овие амандмани.