(ВИДЕО) Хаос во Албанија: Рама погоден со брашно, вода и јајца
Тензинчна атмосфера во Собранието на Албанија поради апсењата на лицата кои протестираа против патарините на автопатот меѓу Косово и Албанија. Албанската опозиција на чело со Лулзим Баша со остри реакции внатре во Собранието, пратениците на Демократската партија на Албанија дури го погоди премиерот Еди Рама со брашно.
Според јавувањата на медиумите од Албанија, кон Еди Рама биле фрлени тврди предмети како шишиња со вода и јајца и поради оваа причина веќе неколку пати седницата во собранието е прекината додека пак неколку пратеници од опозицијата од обезбедувањето на Рама се исфрлени надвор.