(ВИДЕО) Иванов чека предлог на писмено


Шефот на државата Ѓорѓе Иванов бара на писмено да го добие она што досега е разговарано во преговорите со Грција, а потоа ќе се изнесе во однос на предлогот кој денска по лидерската средба го објави премиерот Зоран Заев како можно решение, Република Илинденска Македонија.

Не сакаше да изнесе ниту личен став како граѓанин на Македонија, а не како институција Претседател во однос на тоа дали предлогот е достоинствен и повтори ќе го бара предлогот на писмено.

– Првпат сме информирани за некои работи. Првпат ги слушнавме усно се пренесни и очекувам за сите предлози да добиеме писмен документ. На овој состанок не изградивме став, само ги добивме информациите. Очекуваме во иднина да не бидеме селективно информирани, туку целосно да имаме увид  за да знаеме за кои прашања се разговара, рече Иванов.

Нагласи дека процесот мора да се води во рамка утврена од ОН.

– Кој било предмет треба да биде разгледан и од експерти од меѓународното право и меѓународни односи, затоа што во минатото видовме недоследност од грчка страна, додаде Иванов.