(ВИДЕО) Големо невреме во Солун: Градот поплавен за неколку минути, има исчезнати
Солун го погоди силно невреме придружено со дожд, град и ветер. Улиците во центарот на градот се поплавени за само неколку минути, а една жена се води како исчезната.
Сообраќајот во градот е отежнат, а во некои делови е целосно онеспособен. Морските бранови ги преплавија брегот и пристаништето.
Сите релевантни градски служби се ангажирани и им помагаат на граѓаните. Засега не постојат прецизни податоци за потенцијалните жртви, а како што известуваат грчките медиуми, една жена се води како исчезната.