(Видео) „Боемска рапсодија“ е најслушана песна на 20.век


САД– Песната „Боемска рапсодија“ (Bohemian Rhapsody) од британската рок група „Квин“ е најслушана композиција на 20 век, напиша на Твитер компанијата Universal Music Group.

Оваа песна ја надминала границата од 1,5 милијарди стриминг слушања на интернет. Популарноста на песната се зголемила по излегувањето на истоимениот филм кој ја опишува историјата на создавањето на групата Квин.

Студиската снимка на песната е направена во 1975 година кога била пуштена како сингл. Песната трае шест минути и во 1981 година влезе во колекцијата на најдобрите хитoви на оваа група.

Според Box Office Mojo, истоимениот филм во американските киносали досега има заработено речиси 174 милиони долари, dодека надвор од САД филмот досега има заработено над 422 милиони долари. Буџетот за продукција на филмот е 52 милиони долари.