Вардар подобар од Пелистер во вечното дерби


Со голот на Висар Муслиу во 65. минута, Вардар со 1-0 го совлада Пелистер во вечното дерби на македонското фудбалско првенство. Натпреварот го обележа навивачката група „Комити“, која прослави 30 години од своето постоење.

Со оваа победа, Вардар остана на -11 од лидерот Шкендија, но и два натпревари помалку од актуелниот вицешампион.

Прва лига, 16 коло

Вардар – Пелистер 1:0

Шкендија – Скопје 4:0

Победа – Силекс 0:2

Академија Пандев – Работнички 1:1

Шкупи – Ренова 4:1

Табела: Шкендија 40, Вардар 29 (-2), Академија Пандев 25 (-1), Силекс 25, Работнички 20 (-1), Шкупи 18 (-1), Ренова 17, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9 (-1).