Ван Марвијк разочаран по ремито со Данска


Австралија требаше да победи на натпреварот против Данска, изјави селекторот на „кенгурите“ Берт ван Марвијк.

Холандскиот стратег изрази жалење за изгубените два бода, кои можеа да помогнат на неговата репрезентација да продолжи напред на светскиот шампионат во Русија.

– Чувствувам дека требаше да победиме. Нешто слично видовме и во натпреварот со Франција. Разочаран сум, но сум горд со претставувањето на тимот. Дефинитивно заслуживме многу повеќе од овие две средби. Многу сум разочаран. Ни недостасува само последниот дел од сложувалката. Сега треба да се фокусираме на составот на Перу. Се уште имаме шанси за пласман во осминафиналето, изјави Ван Марвијк по дуелот.

Селекторот откри дека светското првенство за Ендрју Набут е завршено, бидејќи тој има повреда на рамото. Набут беше принудно заменет од Томи Јуриќ четвртина час пред крајот на дуелот во Самара.

– Повредата на рамото му е лоша. Сметам дека турнирот за него заврши”, рече уште Марвијк.

Австралија игра против Перу на 26 јуни во Сочи.