Британски модни награди: Меган Маркл ги изненади сите
Англија– Војвотката од Сасекс ги изненади добитниците и гостите на доделувањето на Британските модни награди за 2018, синоќа во Ројал Алберт Хол во Лондон. Во црна кадифена тоалета, ѝ ја честиташе наградата на дизајнерката на Живанши- Клер Вејт -Келер која ја освои наградата за најдобра женска колекција. Келер и ја дизајнираше венчаницата на Меган Маркл и други тоалети за кралското појавување низ светот.
На гала настанот на црвениот килим парадираа сите значајни личности од модниот свет, вклучувајќи ги и уредничката на американскиот Вог-Ана Винтур и дизајнерот Карл Лагерфелд.
Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер е модел на годината, дизајнерот на Валентино Пиерпаоло Пициоли е дизајнер на годината, Гучи е бренд на годината, Мучиа Прада ја освои наградата за особен придонес во модата, Вирџил Аблох ја освои наградата „Урба лукс“, Демна Гвасалиа од Баленсиага е дизајнер на годината за модни додатоци, а Ким Џонс од Диор за машка колекција.