Брајан Фери со концерт во Скопје, влезниците по цена од 6.000 денари


Брајан Фери ќе одржи концерто во Скопје на 9 септември. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија, а тој ќе биде придружуван од 12 музичари на сцената.

„Ќе испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Roxy Music“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум „Avonmore“, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена“, соопштуваат организаторите.

Брајан Фери e еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија.

Влезниците за овој концерт ќе бидат пуштени во продажба од 20ти април, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија. Резервации ќе може да направите на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).
Бројот на влезници е ограничен на 700.