Бонд


Секој актер сака да го глуми агентот 007.

Секоја актерка сака(ла) да биде во прегратката на Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан, Даниел Крег…

Секоја поп-ѕвезда- да ја испее песната од серијалот за Бонд.

Секој кој е ВИП – да биде поканет на премиерата.

За филмаџиите е престиж, магнет за пари, за спонзори, за гала гости, со оскар и без оскар.

За него се постела црвен килим, се прават рејтинг-листи, му доаѓа кралско семејство, добива ѕвезда на Булеварот на славните.

Руши рекорди на гледаност и со манири и без манири, и нежен и груб, и експониран и мистериозен, и познат и анонимен, и млад и во години, со кратка или со подолга коса.

Цел свет го збори, го озборува, го мисли, му завидува, му љубомори, сонува, се обложува, очекува или се разочарува.

Маж како Џејмс Бонд има само на филм.
Има 40 години, а не старее.
Господин, а мангуп.
Дотеран, а не оди во шопинг.
Осамен, а никогаш сам.
Самозатаен, а експониран.
Сериозен, а со смисла за хумор.
Шармантен, а непостојан.
Опкружен со жени, а не верува во брак.
Страствен, а не е љубоморен.
Заведува, а не навредува.
Пие мартини, а никогаш не е пијан.
Крши коли, а нема казни за сообраќаен прекршок.
Патриот, а партиски неопределен.
Со дозвола за убивање, а отпорен на куршуми.
Не е шеф, а секретарките го обожаваат.
Еднаш ангел, другпат ѓавол.
Го има, па го нема.
Уживајте во “Не е време за умирање” во Скопје.

По филмот, ве чека реалноста!