Божикна честитка од кралицата Елизабета: Ја добија 750 личности во светот


Англија – И кралицата Елизабета Втора (91) позираше за божикната честитка за 2019 година, во својот дом во Сандрингам, на имотот во Норфолк. Во бело, со бисерен накит и гламурозно накитена елка, со сопругот Филип, војводата од Единбург, им посака среќни божикни празници и желби на 750 личности ширум светот.

Честитката е потпишана со Елизабета и Филип, колку опуштено, пренесуваат англиските весници.

Кејт и Вилијам, и Меган и Хари за Божик ќе ѝ се придружат на кралицата Елизабета Втора во Сандрингам. Се очекува кралската четворка да ја следи германската традиција на отворање на подароците за Божик и ќе има заеднички појадок со кралицата, принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.