Богов: 2017 година ќе биде една од економски најслабите, растот околу 0,5 проценти
Народната банка на Република Македонија останува на својата проекција за раст на економијата годинава од 0,5 проценти. Според гувернерот Димитар Богов, 2017 е една од најслабите години од аспект на економскиот раст во последните пет години, а проекцијата на НБРМ за раст за годинава останува околу 0,5 проценти.
– Остануваме на проекцијата од 0,5 проценти за 2017 година. Третиот квартал потврди дека тука некаде ќе биде растот за 2017 година. Ќе бидеме доста близу до вистинскиот раст, но тоа ќе го дознаеме во март следната година кога ќе ги имаме податоците и за четвртиот кваратал од оваа година, изјави гувернерот на НБРМ Димитар Богов одговорајќи на новинарски прашања на Работилницата за финансиска едукација на новинари насловена „Правилно читање и толкување на извештаите на Народната банка и другите регулаторни институции“.
Богов очекува наредната 2018 година да биде подобра на економски план.
– Но, за да биде подобра, треба да се исполнат неколку услови. А тоа се да имаме постабилен политички амбиент, да имаме сигурност што значи да се подобарт инвестициите, да се зголеми личната потрошувачка, но и да продолжи оној тек на странски дирекни инвестции што го имавме во претходниот период и кој е носител на економскиот раст, рече гувернерот на НБРМ.
Одоговарајќи на новинарско прашање, Богов подочи дека основна причина за тоа што инвестициите се негативни годинава е продолжената политичка криза и несигурноста што ја чувствуваат инвеститорите.
– Токму поради тоа, и кредитирањето на корпоративниот сектор забавува од година во година и кога разговараме со банките основната причина која ја наведуваат е намалена побарувачка за инвестициски кредити, вели Богов.
Во однос на каматните стапки, тој не очекува во 2018 година да има промена доколку нема некој домашен шок, но дека во 2019 година најверојатно кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монетарната политика веројатно и Македонија ќе ја следи таа политика.
– Американски ФЕД одамна започна со зголемување на каматните стпаки, а Европската централна банка најавува дека тој процес ќе го започне од 2019 година. Бидејќи сме врзани за еврото и ЕЦБ, односно нејзината монетарна политика за очекување е дека нашата монетарна политика би ја следела монетарната политика на ЕЦБ, освен ако не се случи некој шок на домашниот пазар, односно во домашниот монетарен амбиент. Доколку е се стабилно тогаш за очекување е дека и каматните стапки ќе се задржат, а во 2019 година кога ЕЦБ ќе започне со затегање на монтерната политика веројатно и ние би ја следела таа политика, изјави Богов.
Посочи дека се прават законски измени за да може Народната банка на РМ да ги сподели податоците кои ги добива за парите што стигнуваат преку брзиот трансфер на пари, со други институции во земјава.
Тој појасни дека досега овие податоци НБРМ ги добивала за регулаторни цели и тие податоци не можела да ги споделува со останатите државни органи.