Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар


Од вечер на на полноќ цените на бензините и дизелот се зголемуваат за 0,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0,74 проценти.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 0,5 денари и еден литар од овие горива ќе чини 66 односно 67,5 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 0,5 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 54,5  денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици. До крајот на годината ќе имаме уште една рекалкулација на цените.