Бебето најдено пред Домот за доенчиња во Битола е згрижено и е во добра состојба


Министерството за труд и социјална политика информира дека ноќеска во 01.50 часот претставник на Центарот за социјална работа-Битола и полициски службеници, во Домот за доенчиња во Битола го сместиле новороденчето од женски пол, најдено пред Домот.

– Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед, при што е констатирана добра општа здравствена состојба, информираат денеска од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.

За останати информации во однос на истрагата и постапката, од МТСП упатуваат на Министерството за внатрешни работи.