Андре Риу за првпат во живо во Македонија


Светската ѕвезда Андре Риу, насекаде прославен како современиот „крал на валцерот“ на 6 јуни ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова ќе биде негово прво гостување во Скопје и ќе настапи со негово бомбастично сценско шоу во рамки на неговата светска турнеја за 2019-та година. Концертот го организира Пасворд продакшн.

Билетите за овој екслклузивен настан кај нас ќе бидат достапни во продажба од среда, 23 јануари од 10:00 на сите продажни места на МкТикетс и на www.andrerieu.com.

На речиси 100 концерти годишно, Риу гарантира совршена забава со светски познатите, романтични и мелодии полни со душа како и со бројни изненадувања, хумор и првокласни интернационални солисти. Заедно со неговиот 60-член Јохан Штраус Оркестар, најголемиот приватен оркестар на светот, харизматичниот Холанѓанец речиси 30 години го обиколува свет.