Ангели во нова кампања „Секси илузии“
САД- Ангелите на „Викторијас сикрет“ се враќаат во полн сјај. Новата колекција женска долна облека има за цел да ја заскотка машката фантазија и да и понуди на понежниот пол нова женственост во спалната.
Ѕвезди на кампањата насловена „Секси илузии“ се манекенките Тејлор Хил, Џасмин Туки, Елса Хоск, Лаис Рибеиро и Роми Страјд. Тие изгледаат неодоливо во долната облека во нежни нијанси на лаванда, шампањско, слонова коска и во неизбежната секси црна боја.