Амал Клуни во Оскар де ла Рента: Доделување на Нобелова награда за мир


Норвешка– Адвокатката за човекови права Амал Клуни, сопруга на оскаровецот Џорџ Клуни, присуствуваше на  свечена церемонија на доделувањето на Нобеловата награда за мир во седиштето на градската управа.

За оваа свечена пригода,  избра минималистички комплет во црвено-розова боја на Оскар де ла Рента.

Годинешни добитници се Надиа Мурад и Денис Муквеге, заради нивната борба за користење на сексуалното насилство против жените.

Европската Комисија претходно најави дека ќе одвои дополнителни пет милиони евра за проекти за двајцата добитници на Нобеловата награда за мир. Еден милион евра ќе и бидат доделени на Надиа Мурад за проектот “Синџар Фонд за Акција“. Синџар е регион во Ирак. ЕУ придонесува за реконструкција и стабилизирање во деловите ослободени од Исламската Држава со посебен фокус на најранливите групи.

 

Гинекологот Денис Муквеге ќе добие четири милиони евра за да продолжи да им помага на жените жртви на сексуално насилство во болницата Панзи во Демократската Република Конго.

За првпат Нобеловата награда за мир е доделена во 1901 година на Жан-Анри Дјунан, Швајцарија и Фредерик Паси, Франција.

Нобеловата награда не е доделена за време на Првата и на Втората светска војна како и во 1955, 1956, 1966, 1967 и 1972 година.