Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ
Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч.
Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко.
„Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната одработија добра работа и му помогнаа на нашиот голман. Сакавме да се запре лошата низа, а тоа најмногу го посакуваше Акинфеев. Тој е квалитетен голамн и не заслужува таков негативен рекорд во неговата кариера“, изјави Гончаренко.
Акинфеев целата кариера ја минува во ЦСКА Москва. Дебитираше со само 16 години и досега бранел на 522 настапа.