Агенцијата за храна уништи 31.000 небезбедни јајца пред Велигден
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, пред Велигденските празници спроведоа вкупно 181 вонредни, засилени контроли, во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Како небезбедни поништени се над 31 илјада јајца, соопштија од Агенцијата.
Најголемиот дел, односно 110 контроли, биле спроведени во малопродажните објекти. Извршени биле и 35 контроли на зелените пазари и 36 контроли на сортирници за јајца.
Со контролите констатирано е дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, не поседувале комерцијален документ кој ја следи пратката, во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, а констатирани се и други недоследности од помал обем. Од страна на инспекциските служби издадени се 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности,
спроведени се четири едукации и изречени се четири парични казни.