Австрија не ги прима мигрантите од Германија


Министерот за внатрешни работи на Австрија Херберт Кикл порача дека Австрија нема да прима мигранти, вратени од границата на Германија.

„Ако Германија верува дека, спротивно на меѓународното право, лицата едноставно можат да бидат вратени во Австрија, тогаш ние на Германците ќе им објасниме дека тие луѓе не ги преземаме“, нагласи тој во интервју за телевизијата „Плус4“.

Кикл порача дека доколку германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер смета дека една друга земја, на основа на одредбите од Даблин, е надлежна за мигрантите, како што се Словенија и Хрватска, и дека може да ја избегне постапката за консултации со тие држави, и луѓето едноставно да ги проследи на Австрија, тогаш земјата ќе реагира.

„Ако се во Германија тогаш таму и ќе останат. За нас нема причина да ги преземеме“, порача Кикл.