Џиџи Хадид во боја на годината: Ова ќе се носи во 2019
САД– Откако институтот за бои „Пантоне“ ја избра коралната портокалова за боја на годината за 2019 година, прва по улиците на Њујорк ја прошета супермоделот Џиџи Хадид (23). Иконата на стилот избра кошула со длабоко деколте и панталони од чипка на Роланд Ван Дер Кемп и кожен капут на „Москино“, во стилот на 90-тите.
Оваа боја доминира во новите колекции на Стела Мекартни, Прабал Гурунг и на Валентино.
Хадид, со јорданско и американско потекло, е меѓу најангажираните и најплатените манекенки во модниот свет, со фотосесии во модните списанија и како заштитно лице на рекламни кампањи.