Русија го обвини Израел за урнатиот руски авион


Израел е целосно одговорен за соборувањето на рускиот воен авион и за загинувањето на екипажот во Сирија, нагласи рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, во телефонскиот разговор со израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман, јавија руски медиуми.

–  Сергеј Шојгу истакна дека вината за соборениот руски авиони загинувањето на екипажот е целосно на израелска страна, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Тој нагласи дека поради неодговорна акција на воздухопловните сили се случила трагедија во која загинале 15 руски војници.

– Без оглед на постоечкиот договор за спречување  опасни инциденти со Израел, Командата на руската група беше известена само неколку минути пред нападот на израелскиот Ф-16, наведува рускиот министер за одбрана.

Рускиот воен авион Иљушин 20 синоќе беше соборен со ракета од сириски комплекс С-200. Инцидентот се случил за време на нападите на четири израелски авиони Ф-16 врз сириски цели во провинцијата Латакија.