Хоџаj: Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград


Дијалогот со Србија е невозможен поради агресивната кампања на Белград за непризнавање на независноста на Косово и изјавата на премиерката Ана Брнабич во врска со учеството на Приштина на состанокот на високо ниво на ЕУ-Западен Балкан во Софија, изјави косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, цитиран од приштинскиот весник „Зери”.

Тој вели дека Приштина ќе одговори пропорционално на тие дејствија, кои се против нормализација на односите меѓу Белград и Пришина.

Брнабич изјави во понеделникот дека е „политички нонсенс” Косово да присуствува на европската средба на високо ниво за Западен Балкан во Софија, како и тоа дека Белград ќе одлучи дали да учествува на состанокот, во зависност од потезите на Приштина за формирање на Заедницата на српски општини.